950 невработени годинава ќе добијат шанса да отворат свој бизнис

Bez autora
Mar 23 2014

Околу 950 невработени кои се активни баратели на работа оваа година ќе добијат шанса за отворање сопствен бизнис преку програмата за самовработување. За реализирање на самовработувањето, кое успешно се спроведува од 2007 година, во програмата на Владата за 2014 година се предвидени околу 3,2 милиони евра. Група од 26 лица кои се пријавиле на првиот оглас објавен годинава веќе посетуваат четиридневна обука што ја организира Агенцијата за вработување, а ја водат експерти кои кандидатите за отворање сопствена компанија ги учат како да водат и да развиваат бизнис, како да водат сметководство и слично. Обуката е општа, а завршува со изработка на бизнис-план, кој ако биде успешен, ќе биде финансиран со околу 3.300 евра неповратни средства.

950 невработени годинава ќе добијат шанса да отворат свој бизнисОколу 950 невработени кои се активни баратели на работа оваа година ќе добијат шанса за отворање сопствен бизнис преку програмата за самовработување. За реализирање на самовработувањето, кое успешно се спроведува од 2007 година, во програмата на Владата за 2014 година се предвидени околу 3,2 милиони евра.

Група од 26 лица кои се пријавиле на првиот оглас објавен годинава веќе посетуваат четиридневна обука што ја организира Агенцијата за вработување, а ја водат експерти кои кандидатите за отворање сопствена компанија ги учат како да водат и да развиваат бизнис, како да водат сметководство и слично. Обуката е општа, а завршува со изработка на бизнис-план, кој ако биде успешен, ќе биде финансиран со околу 3.300 евра неповратни средства. Овие пари се за старт на бизнисот, односно помош за реализација на идејата и набавка на потребната опрема. Лицата кои стартувале бизнис преку програмата за самовработување, а потоа вработиле и други добиваат дополнителни 1.500 евра. Исто така, лицата кои ќе отворат бизниси добиваат помош и при регистрацијата.

- Со програмата почната во 2007 година досега 7.000 лица поминале низ обуката и процентот на успешност е околу 75 отсто, што значи толкав процент компании кои биле стартувани со овие мерки успеале да опстанат подолго од три години. Дел од нив се прошириле и примиле на работа и други лица. Се разбира, невработеноста никогаш не може да се реши само со една мерка, потребно е проблемот и понатаму да се третира од повеќе аспекти. Ова е една од тие мерки кои, очигледно, низ годините даваат резултати и имаме намера да продолжиме да ја реализираме - вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Од 2007 година досега преку Програмата за самовработување се формирани 5.835 микробизниси, што укажува дека е направен значаен чекор во насока на намалување на невработеноста. Само лани имаше два циклуси на програмата, при што речиси 1.500 лица ја посетија обуката за претприемништво и со помош на стручните консултанти развија бизнис-идеи. Неповратна финансиска помош од 3.000 евра беше доделена за најдобрите 930 бизнис-планови.

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, објаснува дека годинава ќе има повеќе групи кои ќе посетуваат обука за самовработување и ќе добијат грантови за водење на стартуваните бизниси.

- Агенцијата за вработување преку овие мерки досега успешно вдоми над 5.800 лица кои го добија овој грант. Успешноста е 75%, но вработливоста ќе биде над 80%, што значи дека оние кои ја затвориле компанијата не се невработени, туку се вработени во други компании. Ќе продолжиме и во наредните години. Се надевам дека ќе има се подобри и подобри бизниси и сите ќе ги финансираме - истакнува тој.

Дополнителен поттик за продолжување на оваа практика е податокот дека 25% од отворените мали претпријатија обезбедуваат вработување и за трети лица, а секое четврто е формирано од млади до 27-годишна возраст.

Во реализацијата на оваа програма, освен Агенцијата за вработување, вклучени се и други институции како Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за претприемништво, а има поддршка и од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik